Кристијан Вуд ќе го носи дресот на Лос Анџелес Лејкерс и ќе заработува 5,7 милиони долари во наредните четири години.
Тој може да игра на неколку позиции и дефинитивно ќе биде значајно засилување за Лејкерси.
Корпулентниот кошаркар во минатата сезона имаше просек од 16 поени и 7,3 скока по меч во дресот на Далас Маверикс. Тој има играно и за Хјустон Рокетс.