Македонската машка кошаркарска репрезентација се спушти шест места на новата ранг-листа која во текот на денов ја објави Светската кошаркарска федерација (ФИБА)
Сега го имаме 59-то место во светското рангирање и 30-то кога станува збор за европската репрезентативна кошарка.
На чело на листата се кошаркарите на САД пред Шпанија и новиот светски шампион – Германија.