Кошаркарите на Работнички со победа над градскиот ривал ТФТ ја отворија 32. сезона во македонската Прва лига. Работнички славеше со убедливи 73:56 и покажа дека ова ќе биде многу подобра сезона за нив.
Уште во првите десет минути, Работнички направи голема предност и најави дека мечот ќе го водат кон убедлива победа (24:9).
Нешто подобра реакција имаше екипата на ТФТ на почетокот на втората четвртина, но до крајот на полувремето Работнички го задржа ритамот и на пауза замина со 40:26.
Во вториот дел Работнички успеваше да го одржи одработеното во првиот дел и дојде до посакуван триумф. Декоузи постигна 14 поени, исто толку имаше и Ѓелетовиќ кои беа и најдобри поединци кај Работнички.