Со првиот турнир во Суботица, денеска стартува новата сезона во АБА-2 лигата. Оваа година Македонија за првпат ќе има дури три претставници во ова регионално натпреварување.
Нашиот првак МЗТ Скопје А. откако не успеа да се задржи во елитната конкуренција, сега се враќа во второлигашкото друштво, каде ќе бидат и минатогодишните македонски преставници Пелистер и ТФТ.
Први на паркетот денеска ќе се појават момците од Тафталиџе, кои од 21 часот за противник ќе ја имаат екипата на Златибор. Утре МЗТ Скопје А. ќе игра со Цедевита (18 ч.), а в среда колото ќе го затворат Пелистер и Шенчур (15 ч.).