Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Аугсбург се раздели со тренерот Енрико Маасен
    Фудбал

    Аугсбург се раздели со тренерот Енрико Маасен

    risteBy riste10/10/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Германскиот клуб Аугсбург објави раскин на договорот со тренерот на тимот Енрико Маасен.

    „По првите седум натпревари и поразот на домашен терен од Дармштад, одвоивме време да ја оцениме моменталната спортска ситуација и развојот на нашиот тим. По отворените разговори со Енрико Маасен, сметаме дека треба да го смениме главниот тренер. И покрај сета нивна решителност и напорна работа, Енрико и тимот не можеа да го променат трендот и да постигнат успех на теренот“, изјави спортскиот директор Маринко Јурендиќ за официјалната веб-страницата на клубот.

    „Нормално, разочаран сум од оваа одлука, бидејќи сум убеден дека заедно можеме да ја промениме ситуацијата. Благодарен сум на Аугсбург и на управата на клубот што ми ја дадоа можноста да бидам тренер во Бундеслигата. На клубот му посакувам се најдобро во иднина и се надевам дека темелите што ги поставивме заедно ќе помогнат да постигнат успех“, рече Маасен.

    До назначувањето на нов тренер, тимот на привремена основа ќе го води главниот тренер до 23 години, Тобијас Штробл.

    Сезонава по седум натпревари Аугсбург е на 15. позиција во германската Бундес лига со пет бода.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.