Италијанскиот кошаркар Ахиле Полонара мора да оди на оперативен зафат поради тумор на тестисите, соопшти неговиот клуб, итлијанскиот евролигаш Виртус Болоња.
На 31-годишниот репрезентативец на Италија на последниот преглед му бил дијагностициран тумор на тестисите поради кој мора да подлежи под итен оперативен зафат кој ќе биде одработен во вторник.