Тренерот на Пелистер, Александар Јовиќ, му ја честита победата на Раул Гонзалез, стратегот на ПСЖ и му посака повторно да ја освои Лигата на шампионите.
„Не беше лесно да се игра во Париз, им честитам на моите ракометари. Мислам дека одигравме добро тимски против моќен состав. Верувам дека сме на добар пат. Раул е голем пријател на македонскиот ракомет и сакам да му посакам оваа сезона да ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ“ – изјави Јовиќ.
Битолчани во наредното коло ги очекува меч со Загреб.

