По лошиот старт на сезоната во Евролигата, црногорскиот стручњак Душко Ивановиќ повеќе не е тренер на Ц. Звезда.
Ивановиќ доби отказ по поразот од Виртус во Болоња во четвртото коло од елитното натпреварување, што воедно беше трет неуспех во низа за црвено-белите од стартот на сезоната во Евролигата.
„КК Црвена Звезда Меридијанбет ја информира јавноста дека Душко Ивановиќ повеќе не е прв тренер на нашиот сениорски тим. На начинот на кој го претставуваше клубот како тренер на првиот тим му посакува многу здравје и успех во наредниот период во неговиот нов професионален предизвик“, се вели во соопштението на клубот од „Мали Калемегдан“.