Грчкиот стратег Јанис Сферопулос ќе биде наследникот на Душко Ивановиќ на клупата на белградска Црвена ѕвезда. Вчера српскиот кошаркарски клуб објави дека му врачил отказ на Ивановиќ, а веќе денеска е познато името на неговиот наследник.
Поранешниот тренер на Олимпијакос и Макаби Тел Авив потпишал двегодишен договор со „црвено-белите“. На клупата на Црвена ѕвезда ќе дебитира на утрешниот дуел против ФМП во рамки на 4. коло во регионалната АБА лига.