Денвер Нагетс славеше против Лос Анџелес Лејкерс со 119:107 во првиот натпревар во новата сезона во НБА лигата.
Во главна улога беше Јокиќ со трипл-дабл од 29 поени, 13 скокови и 11 асистенции. Кај Лејкерси најефикасен беше Леброн со 21 поен, 8 скокови и 5 асистенции.
Феникс Санс како гостин беше подобар од Голден Стејт со 108:104. Бакер имаше 32 коша а Дурант застана на 18. Кај „воините“ се издвои Кари со 27 кошеви.