Поразот од Арис во Еврокупот беше последен меч за Петар Мијовиќ на клупата на црногорскиот кошаркарски клуб, Будуќност. Клубот од Подгорица соопшти дека Мијовиќ понудил, а Управниот одбор ја прифатил неговата оставка.
Будуќност ја отвори сезоната во АБА лигата со пет победи, а првиот пораз го доживеа во неделата, кога во Белград загуби од Црвена Звезда.
Само три дена подоцна, Арис во „Морача“ беше подобар од Будуќност. Грчкиот тим им го нанесе четвртиот пораз во европското натпреварување, прв во главниот град на Црна Гора.
Мијовиќ во април по третпат стана тренер на Будуќност. Со него на клупата, Будуќност беше убедливо елиминиран од Црвена Звезда во полуфиналето на АБА лигата.