Женската кошаркарска репрезентација на Македонија денеска ќе го дочека првиот фаворит во групата од квалификациите за Европското првенство (ЕП), селекцијата на Србија.
По поразот од Португалија на гостински терен, кошаркарките предводени од Александар Ашаданов за противник ја имаат една од најдобрите селекции на светот. Дуелот кој ќе се одигра вечерва во СРЦ „Кале“ и ќе биде добра шанса за нашите кошаркарки да видат до каде се. Иако се апсолутен аутсајдер во натпреварот, се очекува нашите репрезентативки да ја искористат можноста за учење од фаворитките и сонрање на искуство.
Во првото коло Србија одигра очекувано максимално и ја декласираше Украина со 82:40.
Натпреварот во СРЦ „Кале“ меѓу Македонија и Србија се игра во терминот од 18:00 часот.