Кошаркарите на МЗТ Скопје ја остварија и третата победа во рамките на АБА 2 лигата. На турнирот во Златибор, денеска нашиот првак славеше на средбата со Борац Бања Лука со 67-61, во рамките на петтото коло на ова натпреварување.
Евидентно беше дека МЗТ Скопје е подобар ривал од Борац и на крајот сосема заслужено дојде до победата.
Војдан Стојановски беше најдобар во МЗТ со 15 реализирани поени, а исто толку имаа и Шешлија и Вест кај Борац БЛ.