Македонскиот женски ракометен шампион Ѓорче Петров обезбеди место во осминафиналетона ЕХФ Еврпскиот куп, откако и на реваншот со белгиски Еупен славеше високо и убедливо со 48:36.
Коларовска и Ризоска со по 11 голови беа најефикасните во победата, со која тимот на тренерот Симовски веќе го очекува следниот противник во пролетниот дел од натпреварувањето.
Ждрепката за осминафиналните двојки е закажана за утре од 11.00 часот. Првите мечеви од оваа фаза ќе се играат на 13 и 14 јануари и возвратните дуели на 20 и 21 јануари 2024 година.

