Тренерот на Еурофарм Пелистер Бранислав Ангеловски, и покрај новиот пораз на неговата екипа од ПИК Сегед, испрати низа позитивни критики до своите ракометари.
Привременото решение на клупата на македонскиот шампион им за заблагодари на ракометарите што верувале во она што го работат на тренинзите и најави дека ако се продолжи во овој ритам, победите ќе дојдат наскоро.
„Сакам да им се заблагодарам на играчите кои веруваат во тоа што го работиме на тренинг. Веруваат дека сме блиску до победа и за краток рок ќе дојдеме до неа. Победата ја заслужуваат сите, првенствено навачите и сите битолчани кои се осми играч. Мора да останеме мирни и фокусирани за да бидеме сплотени. Во Лигата на шампионите има силни ривали, ние треба да го билдаме своето име и да направиме респектабилна екипа за годините кои следат. Сметам дека имаме иднина. Со добра работа и овие натпревари може да ни дадат за право дека ќе бидеме уште подобри“, рече Ангеловски.
Екипата на Еурофарм Пелистер во следното коло ја очекува гостување во Полска кај Киелце, меч кој ќе го играат на 30 ноември.