Се е подготвено за еден од најголемите настани на кои ќе бидат собрани на едно место најголемите спортски легенди од поранешна Југославија.
Од 25 до 29 ноември во Улцињ, Црна Гора и оваа година ќе се одржи големиот спортски фестивал „2. Светски мундијал на пријателството – Улцињ“.
Изминатите денови организаторот засилено работеше за се да помине како што треба и да бидат задоволни сите гости кои ќе дојдат во Улцињ. Главен организатор на овој настан е господинот Павле Пепѓоновиќ кој вели дека „Улцињ влегува во вонредна состојба“ со што само најавува исклучително добар настан.

Оваа иницијатива на Пепѓоновиќ је прифатена и поддржана од сите граѓани на Улцињ, општина Улцињ, Туристичката организација, како и сите хотелиери, ресторани, рибари, локални спортски клубови, верски заедници, училишта и дијаспората.
Спортските легенди од целиот регион полека пристигнуваат во Улцињ, а веќе се пристигнати легендите на ФК Сараево и ФК Железничар, Фарук Хаџибегиќ и Радмил Михајловиќ, а тука е и познатиот голман Фахрудин Омеровиќ која доаѓа од Истанбул.
Инаку, доаѓањето веќе го потврдија: Дејан Савиќевиќ, Звонимир Бобан, Љубомир Радановиќ, Иван Гудељ, Фарук Хаџибегиќ, Давор Јозиќ, Иван Класниќ, Миодраг Кустудиќ, Никица Чукров, Мехмед Баждаревиќ, Иван Чуркович, Ранко Стојиќ, Раде Залад, Милош Бурсаќ, Милош Ѓелмаш, Мирсад Фазлагиќ, Фуад Мужуровиќ, Хусреф Мусемиќ, Драги Канатларовски, Ванчо Балевски, Кочо Димитровски, Елвир Болиќ, Станислав Караси, Јовица Николиќ, Ризах Мешковиќ, Владан Радача, Милош Ѓурковиќ, Драган Шкрба, Јосип Чилиќ, Фахрудин Омеровиќ, Драги Сетинов, Драгиша Биниќ, , Сенад Мердановиќ, Златко Крмпотиќ, Енвер Хаџиабдиќ, , Душан Симиќ, Миодраг Живаљевиќ, Велибор Пудар, Предраг Јуриќ, Брајан Ненезиќ, Анто Дробњак, Мирко Вучмедиќ, Зоран Батровиќ, Бранислав Ѓукановиќ, Дамир Чакар.
Исто така во Олимпиското село во Улцињ ќе се најдат и Зоран Мока Славниќ, Светлана Китиќ, Шабан Трстена, Мирко Вичевиќ, Веселин Ѓухо, Мирко Пузовиќ, Јасмин Мркоња, Анто Јосиповиќ, Игор Бораска, Ивица Туцак, како и поранешните фудбалски судии: Матео Беусан, Гоце Попев, Салем Пролиќ, Боро Безјак, Атиф Липовац, Добривоје Сречковиќи други.

Првиот ден (сабота) од „Светскиот мундијал на пријателството во Улцињ“е предвиден за пристигнувањето на гостите , додека вториот ден (недела) на плоштад кај Мала плажа ќе се организира свечена церемонија на која ќе се одржи презентација на гостите, а ќе се одржи и богата забавно – уметничка програма, заедно со бесплатна храна и пијалоци. Исто така, во недела е предвидена обиколка на Стариот град на Улцињ, каде гостите ќе имаат можност да ја пробаат националната кујна од овој регион, додека за вечерта е предвидена свечена вечера.
Третиот ден е предвиден ревијален натпревар, а ќе биде прикажан и документарен филм за Мирослав Чиро Блажевиќ.
Ова значи дека од сабота, 25 ноември до среда, 29 ноември, сите спортски патишта во регионот водат кон Улцињ.
За овој настан владее голем интерес ,а тоа го покажува и податокот што бројни новинарски екипи од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија ќе го следат овој настан од лице место.
Меѓу новинарите кои ќе бидат присутни во Улцињ, ќе биде и екипата на Спортското радио 90,3 ФМ од Скопје која и минатата година беше дел од овој натсан, а истото ќе го направи и сега известувајќи за она што ќе се случува во Улцињ.

