Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Во Улцињ ќе се одржи „2.Мундијал на пријателството“,на едно место најголемите спортски легенди од регионот
    Фудбал

    Во Улцињ ќе се одржи „2.Мундијал на пријателството“,на едно место најголемите спортски легенди од регионот

    risteBy riste23/11/2023No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Се е подготвено за еден од најголемите настани на кои ќе бидат собрани на едно место најголемите спортски легенди од поранешна Југославија.

    Од 25 до 29 ноември во Улцињ, Црна Гора и оваа година ќе се одржи големиот спортски фестивал „2. Светски мундијал на пријателството – Улцињ“.

    Изминатите денови организаторот засилено работеше за се да помине како што треба и да бидат задоволни сите гости кои ќе дојдат во Улцињ. Главен организатор на овој настан е господинот Павле Пепѓоновиќ кој вели дека „Улцињ влегува во вонредна состојба“ со што само најавува исклучително добар настан.

    Оваа иницијатива на Пепѓоновиќ је прифатена и поддржана од сите граѓани на Улцињ, општина Улцињ, Туристичката организација, како и сите хотелиери, ресторани, рибари, локални спортски клубови, верски заедници, училишта и дијаспората.

    Спортските легенди од целиот регион полека пристигнуваат во Улцињ, а веќе се пристигнати легендите на ФК Сараево и ФК Железничар, Фарук Хаџибегиќ и Радмил Михајловиќ, а тука е и познатиот голман Фахрудин Омеровиќ која доаѓа од Истанбул.

    Инаку, доаѓањето веќе го потврдија: Дејан Савиќевиќ, Звонимир Бобан, Љубомир Радановиќ, Иван Гудељ, Фарук Хаџибегиќ, Давор Јозиќ, Иван Класниќ, Миодраг Кустудиќ, Никица Чукров, Мехмед Баждаревиќ, Иван Чуркович, Ранко Стојиќ, Раде Залад, Милош Бурсаќ, Милош Ѓелмаш, Мирсад Фазлагиќ, Фуад Мужуровиќ, Хусреф Мусемиќ, Драги Канатларовски, Ванчо Балевски, Кочо Димитровски, Елвир Болиќ, Станислав Караси, Јовица Николиќ, Ризах Мешковиќ, Владан Радача, Милош Ѓурковиќ, Драган Шкрба, Јосип Чилиќ,  Фахрудин Омеровиќ, Драги Сетинов, Драгиша Биниќ, , Сенад Мердановиќ, Златко Крмпотиќ, Енвер Хаџиабдиќ, , Душан Симиќ, Миодраг Живаљевиќ, Велибор Пудар, Предраг Јуриќ, Брајан Ненезиќ, Анто Дробњак, Мирко Вучмедиќ, Зоран Батровиќ, Бранислав Ѓукановиќ, Дамир Чакар.

    Исто така во Олимпиското село во Улцињ ќе се најдат и Зоран Мока Славниќ, Светлана Китиќ, Шабан Трстена, Мирко Вичевиќ, Веселин Ѓухо, Мирко Пузовиќ, Јасмин Мркоња, Анто Јосиповиќ, Игор Бораска, Ивица Туцак, како и поранешните фудбалски судии: Матео Беусан, Гоце Попев, Салем Пролиќ, Боро Безјак, Атиф Липовац, Добривоје Сречковиќи други.

    Првиот ден (сабота) од „Светскиот мундијал на пријателството во Улцињ“е предвиден за пристигнувањето на гостите , додека вториот ден (недела) на плоштад кај Мала плажа ќе се организира свечена церемонија на која ќе се одржи презентација на гостите, а ќе се одржи и богата забавно – уметничка програма, заедно со бесплатна храна и пијалоци. Исто така, во недела е предвидена обиколка на Стариот град на Улцињ, каде гостите ќе имаат можност да ја пробаат националната кујна од овој регион, додека за вечерта е предвидена свечена вечера.

    Третиот ден е предвиден ревијален натпревар, а ќе биде прикажан и документарен филм за Мирослав Чиро Блажевиќ.

    Ова значи дека од сабота, 25 ноември до среда, 29 ноември, сите спортски патишта во регионот водат кон Улцињ.

    За овој настан владее голем интерес ,а тоа го покажува и податокот што бројни новинарски екипи од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија ќе го следат овој настан од лице место.

    Меѓу новинарите кои ќе бидат присутни во Улцињ, ќе биде и екипата на Спортското радио 90,3 ФМ од Скопје која и минатата година беше дел од овој натсан, а истото ќе го направи и сега известувајќи за она што ќе се случува во Улцињ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.