Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров го состави широкиот список на кој се наоѓаат 35 ракометари од кои ќе се формира селекцијата која што ќе настапи на ЕП 2024. Списокот е верификуван од ЕХФ, веќе нема да има можност да се прават замени и за настапот на ЕП ќе можат да се селектираат ракометари само од овие 35 ракометари.
Поголеми изненадувања во составот на Лазаров нема. Согласно здравствениот билтен и минутажата што ја имаат во клубовите како и низа други критериуми, Лазаров се одлучи за следниве 35 играчи.


