Кошаркарите на ЛА Лејкерс го освоија првиот трофеј во НБА купот откако во големото финале што се одржа во Лас Вегас ја совладаа Индијана со 123:109.
Леброн Џејмс кој го освои трофејот за најкорисен играч на турнирот забележа 24 поени додека Остин Ривс имаше 28 кошеви. Тајрис Халибартон забележа 20 поени и 11 асистенции во поразениот тим.
Кошаркарите на Лејкерс заработија по 500.000 долари додека играчите на Индијана по 200.000.

