Кошаркарите, Ентони Дејвис и Леброн Џејмс, кои го однесоа тимот на Лос Анџелес Лејкерс до победничкиот пехар во НБА Купот, сосема заслужено влегоа во идеалната петорка на премиерното издание на новото натпреварување преку „големата бара“.
Покрај нив тука се и Јанис Адетекумбо од Милвоки Бакс, Кевин Дурант од Феникс и Тајрис Халибартон од екипата на Индијана.
Ќе потсетиме дека Лејкерси во голeмото финале во Лас Вегас славеа против тимот на Индијана со 123-109 а за МВП на турнирот беше прогласен ветеранот, Леброн Џејмс.

