Кошаркарите на Денвер го победија Бруклин со 124:101 и ја постигнаа третата последователна победа во НБА лигата.
Актуелниот шампион го предводеше српскиот центар Никола Јокиќ со 26 поени, 15 скока и 10 асистенции, што беше негов 10-ти трипл-дабл сезонава и 115-ти во кариерата. Тој стана првиот НБА играч со најмалку 10 трипл-дабл настапи во седум последователни сезони.
Кошаркарите на Сакраменто ја победија Оклахома со 128:123 предводени од Дирон Фокс кој постигна 41 поен, додека Бостон славеше над Кливленд со 116:107 и ја постигнаа шестата победа во последните седум натпревари. Селтикси ги предводеа Џејсон Тејтум со 27 поени, Џејлен Браун со 22 и Кристапс Порзингис со 18 поени и шест скока. Бостон има 12 победи, а оваа сезона е непоразен на домашен терен.Минесота го победи Далас со 119:101, иако одличен беше Лука Дончиќ кој постигна 39 поени и имаше 13 асистенции и шест скока.
