Тренерот на КК Црвена звезда, Јанис Сферопулос, изјави дека центарот Мајк Тоби ќе остане во тимот и покрај гласините за негово заминување. Сепак, клубот од Белград ќе го напушти центарот Огњен Кузмиќ.
„Можам да кажам дека Кузмиќ ќе го напушти тимот бидејќи ми е многу тешко да најдам минутажа за него. Тој е одлично момче и професионалец. Би било вистински потег клубот да се раздели со него, тоа е професионален пристап. Мајк Тоби се уште е во тимот и ќе остане во тимот. Секако дека треба да игра подобро“, изјави Сферопулос.