Новиот предводник на КК Гостивар, Јорданчо Давитков, по скоро 20 години се враќа како тренер во нашето првенство. За предизвиците со Гостивар, квалитетот на кошарката и очекувањата од вториот дел од сезоната со Давитков разговаравме во живо во нашата програма.
„По 15-16 години минати надвор од државата, со мали исклучоци кога бев селектор, оваа сезона се случи од сите понуди кои ги добив да неприфатам ниту една. Директорите на Гостивар, со кои сум пријател од средношклоските денови, ме замолија да помогнам, иако ситуацијата е реално тешка. Прифатив, ќе се обидеме да извлечеме максимум. Повеќе работи се поврзаа, и ете да се обидеме да го вратиме Гостивар на посакуваното ниво“, вели Давитков.
Комплетниот разговор проследете го на следниот ЛИНК