Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Елмас пристигна во Германија на лекарски прегледи, а потоа потпис на договор со РБ Лајпциг
    Фудбал

    Елмас пристигна во Германија на лекарски прегледи, а потоа потпис на договор со РБ Лајпциг

    risteBy riste23/12/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, својата клупска кариера ќе ја продолжи во Германија, каде што ќе го носи дресот РБ Лајпциг кој моментално е во самиот врв на Бундеслигата.
    РБ Лајпциг е клубот кој се согласи да ја плати бараната сума од 25 милиони евра на Наполи, за да го доведе македонскиот репрезентативец.

    Новинарот Фабрицио Романо утрово објави дека Елмас е веќе го Германија. Во текот на денот треба да ги изврши потребните медицински прегледи, по што ќе стави потпис на повеќегодишен договор со РБ Лајпциг. 

    24-годишниот Елмас беше дел од наполитанците од 2019 година, а одигра 141 натпревари, на кои постигна 14 гола. Со тимот го освои скудетото минатата сезона. Претходно, Елмас играше за Фенербахче и Работнички.

    Елмас и оваа сезона не успеа да се избори за место на стартниот состав на Наполи кога беше предводен од Руди Гарсија, но и сега кога клубот го води Валтер Мацари.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.