Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, својата клупска кариера ќе ја продолжи во Германија, каде што ќе го носи дресот РБ Лајпциг кој моментално е во самиот врв на Бундеслигата.
РБ Лајпциг е клубот кој се согласи да ја плати бараната сума од 25 милиони евра на Наполи, за да го доведе македонскиот репрезентативец.
Новинарот Фабрицио Романо утрово објави дека Елмас е веќе го Германија. Во текот на денот треба да ги изврши потребните медицински прегледи, по што ќе стави потпис на повеќегодишен договор со РБ Лајпциг.
24-годишниот Елмас беше дел од наполитанците од 2019 година, а одигра 141 натпревари, на кои постигна 14 гола. Со тимот го освои скудетото минатата сезона. Претходно, Елмас играше за Фенербахче и Работнички.
Елмас и оваа сезона не успеа да се избори за место на стартниот состав на Наполи кога беше предводен од Руди Гарсија, но и сега кога клубот го води Валтер Мацари.

