Кошаркарот и првата звезда на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, си размени дрес со голманот на Реал Мадрид и Белгија, Тибо Куртоа.
Ова година во месец август, на Тибо Куртоа му беше дијагностицирана руптура на предните вкрстени лигаменти на левото колено. Сега белгискиот репрезентативец го продолжува процесот на опоравување. Во оваа насока, фудбалерот имаше можност да присуствува на натпреварот на Далас Маверикс во НБА лигата.
Да потсетиме, Дончиќ исто така има врска со Реал Мадрид, бидејќи за мадридскиот клуб настапуваше од 2015 до 2018 година. Во сезоната 2017/2018, словенечкиот кошаркар стана најкорисен играч (МВП) во Евролигата. По неверојатната кариера во Европа, Дончиќ беше избран од Далас Маверикс на драфтот во 2018 година.
Во последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во НБА, Далас загуби од Хјустон Рокетс со резултат 96:122.