Македонската ракометна репрезентација денес ќе го одигра првиот од двата контролни натпревари со Грција, како дел од подготовките за настап на ЕП во Германија од 10 до 28 јануари.
Селекторот Кирил Лазаров и стручниот штаб денес ќе имаат можност да видат до каде се со сработеното на подготовките кои ги имаа во Србија, а ги продолжија во Скопје. Денешниот натпревар ќе биде од отворен карактер и ќе може сите љубители на ракометот да го следат во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 17 часот, додека утрешниот ќе биде без присуство на публика и од затворен тип, за да може да се направат последните корекции пред заминувањето за Германија.
Нашата ракометна експедиција ќе замине за Дизелдорф на 8 јануари, а првиот меч со Франција ќе го игра на 10 јануари против Франција во 18 часот.
Наредниот ден ракометарите се селат во Берлин каде ќе треба да ги одиграат преостанатите натпревари од групата со Германија (14.јануари – 20.30 часот) и Швајцарија (16.јануари – 18.00 часот)

