Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Кизиќ и Томовски импресионирани од „Меркур Шпиле арена“ во Дизелдорф
    Ракомет

    Кизиќ и Томовски импресионирани од „Меркур Шпиле арена“ во Дизелдорф

    risteBy riste09/01/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската ракометна репрезентација го одржа првиот тренинг на стадионот „Меркур Шпиле арена“ во Дизелдорф, каде утре со дуелот против Франција го отвораме настапот на Европското првенство. Нашите репрезентативци имаа можност да го почувствувата теренот каде треба да го играат историскиот натпревар.

    Двајцата голмани на Македонија, Марко Кизиќ и Мартин Томовски, се едногласни дека ова ќе биде историски дуел пред 50.000 гледачи.

    „Неверојатно е чувството, навистина сме изненадени. Чест и задоволство ќе ни биде да играме на овој стадион. На натпреварот против Франција ќе се испише историја, а на нас ни останува да уживаме и да дадеме се од себе“ истакна Мартин Томовски.

    Слично размислува и вториот голман во нашата репрезентација, Марко Кизиќ.

    „Сите сме шокирани, ова ќе биде историски натпревар. Атмосферата е преубава и на празна сала, а сигурно дека ќе биде прекрасно и кога ќе биде исполнета. Со нетрпени го очекуваме тоа. Втор ден сме во Германија, се е супер и со нетрпение го очекуваме натпреварот.“ вели Марко Кизиќ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.