Десниот бек на репрезентацијата на Франција, Валентин Порте, признава дека не ја познава нашата селекција.
„Не сме играле против нив долго време, но тие се нов тим, со многу нови играчи, не знаеме многу за начинот на кој играат. Имаме големо искуство и подготвени сме за овој тест“ – вели Порте кој е импресиониран од теренот.
„Импресивно е за фудбал, па замислете како е за ракометот. Нашиот тим е гладен и сака да освои многу медали. Поминаа 10 години откако победивме на ова натпреварување, што е долго време за Франција“ – потенцираше играчот на „триколорите“.

