Нашиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски, вели дека селекцијата може многу да добие со самиот настап на ЕП во Германија.
„Франција за мене е фаворит за медал, отвораме со нив на голем стадион. Мотивирани сме, играме пред бројка на публика пред каква што не сме играле. Oчекуваме поддршка од нашите навивачи“ – вели Кузмановски.
Натпреварот меѓу Македонија и Франција ќе започне од 18:00 часот. Во досегашните 4 средби меѓу двете земји, „галските петли“ имаат максимален ефект.

