Македонската ракометна репрезентација е поразена на отворањето на Европското првенство во Германија. Во дуел со фаворизираната Франција, избраниците на Кире Лазаров загубија со 39:29.
Поразот можеше да биде и едноцифрен, но во самата завршница дозволивме Французите да дојдат до погодоци во серија и да ја повторат највисоката предност и во последните секунди од дуелот.
Во нашата репрезентација најефикасен беше Жарко Пешевски со 7 гола, додека Џонов заврши со 6 погодока. По 4 гола запишаа Филип Кузмановски и Лазаревски. Во редовите на Франција Дескат со 7 и Нахи со 6 гола беа најефикасни. На голот на нашата репрезентација Никола Митревски имаше 10 одбрани.
Македонија во следното коло игра против домаќинот Германија за четири дена во Берлин.