Македонската ракометна репрезентација денеска ги пакува куфери и се сели во Берлин. По првиот историски меч на стадионот „Меркур Шпил Арена“, и поразот од Франција со 39-29, избраниците на Кире Лазаров денеска со воз како и преостанатите три селекции од нашата група патуваат за Берлин каде ќе продолжат натпреварите од групата „А“.
Нашата репрезентација в недела ќе го има вториот меч од групната фаза и тоа против домаќинот на првенството Германија.

