Репрезентацијата на Црна Гора стартува на Европското првенство против Унгарија (петок, 20.30 часот). Тоа е прво големо црногорско натпреварување со Владо Шола на клупата.
Хрватскиот стручњак им ја препушта улогата на фаворит на другите иако се добива впечаток дека групата е изедначена.
„На хартија секогаш има рејтинг, некои се фаворити некои не се. Сега не сакаме да размислуваме за некаков успех. Треба да мислиме за секој меч посебно“ – вели Шола.

