Македонската ракометна репрезентација денес од 13 часот ќе го одржи првиот тренинг по пристигнувањето во Берлин.
Нашите ракометари вчера заедно со останатите репрезентации од нашата група А допатуваа во Берлин кеде ќе ги одиграат преостанатите два натпревари од групната фаза. Денес и утре Македонија има слободени денови кои ќе бидат искористени за запознавање на новиот терен во „Мерцедес Бенц Арена“ во Берлин, но и да се подготви игра и тактика како да се спротивставиме на домашната селекција на Германија со која играме утре (недела) од 20.30 часот.
За расположението во нашата селекција и очекувањата од следниот натпревар ќе имате можност да слушнете во нашата програма по 13 часот.