Денешниот натпреварувачки ден на ЕП во ракомет ни носи нови четири натпревари кои ќе значат старт на ова првенство за 8 селекции кои се распоредени во групите Б и Ц.
Во групата Б која се игра во САП Арена во Манхајм денес се играат натпреварите:
18.00 Австрија – Романија (судии:Јарум и Клевен од Норвешка)
20.30 Шпанија – Хрватска (судии: Хорачек и Новотни од Чешка)
Во групата Ц која се игра во „Олимпикхале“ во Минхен ќе играат:
18.00 Исланд – Србија (Д.Маруинс и Р.Мартинс од Португалија)
20.30 Унгарија – Црна Гора (И.Ковалчиус и А.Ковалчиус од Молдавија)

Останатите репрезентации кои се дел од ова ЕП денес имаат слободен ден и се подготвуваат за натпреварите кои ги очекуваат утре и задутре во второто коло на шампионатот.

