Ракометарите на Македонија со мислите веќе се насочени кон натпреварот со Германија во рамките на второто коло на Европското првенство. По поразот од Франција (39:29) во првото коло, сега следи дуел со домаќинот кој има високи амбиции на ова ЕП.
Во пресрет на дуелот пред првиот тренинг во „Мерцедес-Бенц Арената“ своите очекувања ги кажа и средниот бек Марко Митев.
„Пред сè, ќе биде навистина тешко, тие се домаќини и ги сметаат како фаворити. Нас не сметаат како аутсајдери, па ни останува да се бориме и на теренот да дадеме максимум до последната секунда. Почнавме со анализите, имаме уште два дена за подготовка. И Германија има слаби страни, ќе се обидеме да го искористиме тоа и да играме против нив. Германците имаат квалитетна одбрана и голмани. Против Швајцарија нивните голмани имаа ден, не мора да значи дека ќе биде така и против нас. Ќе се бориме да го смениме тоа. Само со работа може да се достигнат целите“, изјави Митев.
Во текот на утрешниот ден Македонија ќе одржи уште еден тренинг, а во меѓувреме преку видео анализа ќе се кова тактиката за да се парира на една селекција на Германија која игра одлично, а тоа го покажа на мечот со Швајцарија каде победија со убедливи 27:14, а тоа покажува каква одбрана играа на оваа средба.