Голманот , Мартин Томовски, пред мечот со „панцирите“, потенцира дека тие се далеку поразлична екипи од Франција која ни го нанесе првиот пораз на стартот на Европското првенство.
„Би рекол дека Германија е дури и поопасна од Франција. Нивната младост е адут. Технички и физички се подготвени, влечат брз центар и полуконтра. Ќе претставуваат голем проблем“ – вели Томовски.
„Мора да одиграме многу подобра одбрана од онаа против Франција. Нападот му го препуштам на селекторот“ – изјави Томовски.