Нашиот специјалист за одбрана, Никола Марковски, очекува многу пожестока битка на утрешниот меч со Германија во второто коло во групата „А“ на континенталниот собир.
„Против Франција немавме ни жолт картон, ни исклучување, па верувам дека ќе бидеме поагресивни. Германија не е како Франција, не напаѓаат да навлечат играчи, туку се ориентирани повеќе на шут од дистанца“ – рече Марковски.
Македонската селекција денеска ги продолжува подготовките за утрешниот меч со домаќинот на ЕП. Потоа во вторник ќе не очекува и последната средба во групната фаза против Швајцарија.

