Ракометниот шампион на Македонија во женска конкуренција, екипата на Ѓорче Петров пред својата публика го совлада тимот на Хазена Кинжварт со 32:29 во првиот осминафинален дуел во Европскиот Куп.
Избраничките на Симе Симовски имаат плус три пред реваншот, кој е закажан за 20 јануари. За пласман во четвртфиналето ќе им треба уште една добра партија на гости.
Одличен меч кај Ѓорче Петров со по шест погодоци одиграа Ризоска, Јанкуловска и Ана Марија Коларовска, а четири гола запиша Божиноска.

