Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Македонија вечерва против Германија во второто коло на ЕП во Германија
    Ракомет

    Македонија вечерва против Германија во второто коло на ЕП во Германија

    risteBy riste14/01/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометната репрезентација на Македонија по 4 дена пауза го продолжува својот настап на Европското првенство (ЕП) во Германија. По стартниот со пораз од селекцијата на Франција (29:39) во Дизелдорф, нашите ракометари своите преостанати два натпревари ги игра во Берлин. Вечерва против домаќинот Германија од 20:30 часот, односно против Швајцарија (16 јануари – вторник од 18:00 часот). Германија на првата средба беше доминантна и со убедливи 27:14 успеа да ја победи Швајцарија и со тоа покажа дека се подготвени за виск пласман на ова ЕП каде што се домаќини. Овој состав на Германија е составен од играчи од најсилната лига во светот – Бундеслигата, Германците на овој настан влегуваат со големи очекувања и сакаат дајдат до медал на ова ЕП.

    Сигурно не им е во добро сеќавање последниот натпревар кој го играа со Македонија, тогаш на ЕП во Хрватска во 2018 година одиграа нерешено 25:25 и тоа е единствениот натпревар каде не успеале да ја победат нашата селекција.

    Исто така на ЕП во Србија, Македонија имаше тесен пораз од Германија со минимални 23:24, додека останатите средби ги доби Германија со убедлив резултат.

    Меѓусебни средби:
    03.06.1999 Германија – Македонија      36:25  (СП Египет)
    21.01.2009 Македонија – Германија      23:33  (СП Хрватска)
    17.01.2012 Македонија – Германија      23:24  (ЕП Србија)
    21.01.2013 Германија – Македонија      28:23 (СП Шпанија)
    17.01.2018 Германија – Македонија      25:25  (ЕП Хрватска)

    Вечерашниот натпревар се игра во „Мерцедес Бенц Арена“ во Берлин со почеток од 20.30 часот, според веќе објавеното салата ќе биде исполнета до последно место, околу 15.000 гледачи. Дуелот ќего судат браќата Мартинс од Португалија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.