Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лазаров: „Им честитам на играчите зошто не е лесно да се победи селекција како Швајцарија“
    Ракомет

    Лазаров: „Им честитам на играчите зошто не е лесно да се победи селекција како Швајцарија“

    risteBy riste16/01/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на нашата репрезентација Кирил Лазаров беше задоволен од играта и победата која ја остваривме во последниот натпревар на ова ЕП. Оваа победа многу значи за нашата селекција, а тоа го потенцираше Лазаров по натпреварот.

    „Задоволен сум од денешниот натпревар. Не е лесно да се победи ривал како Швајцарија. Тие покажаа дека можат да играат со најдобрите во Европа. Имаат искусни играчи и ѕвезди, тоа го докажаа и против Франција. Вечерва имаа голема жалба да победат, пред се поради Шмид кој ја завршува кариерата и ќе биде нов предводник на селекцијата. Моите играчи беа навистина одлични, немавме толку технички грешки како во претходните натпревари. Оваа победа е многу важна за нас, завршивме третопласирани и ни носи релативно полесен ривал во баражот за следното Светско првенство.

    Пред се, сакам да им честитам на момците за борбата во целите 60 минути. Првото чувство е дека одигравме квалитетен меч со желба за победата. Не е важна стратегијата и тактиката, важна беше желбата, иако и Швајцарците беа многу мотивирани. Задоволен сум од презентираното, не знам точна бројка, ама не дека ги преполовивме техничките грешки, ги сведовме на минимум од претходните два натпревари. Жал ми е што на првите два натрпевари, можеби од преголем респект, се донесовме до ситуација да имаме такви резултати. Задоволен сум и ѝ благодарам на јавноста затоа што гледам колку еуфорично ги доживуваме победите, а трагично поразите. Драго ми е за сите и за целата Македонија“, изјави Лазаров.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.