Денеска во Хамбург почнува втората фаза на европското првенство во ракомет. 12-те најдобри селекции од групната фаза, сега продолжуваат во две новоформирани групи, од каде ќе ги добиеме селекциите кои ќе се впуштат во трката за медалите.
Премиерата е во групата „2“ во Хамбург, каде денеска од 15:30 часот први на терен излегуваат репрезентациите на Норвешка и Португалија. И на двете репрезентации им е потребна победа за да се надеваат на евентуално полуфинале.
Во 18 часот ќе играат Данска и Холандија. Данците веќе имаат два бода на контото и со победа само силно ќе зачекорат кон полуфиналето. Од 20:30 часот ќе се сетнат и Словенија и Шведска.

