Големото изнанедување на ова ЕП, селекцијата на Австрија, вели дека пред себе има поставено нова цел.
Тобијас Вагнер во изјава за медиумите нагласува дека со првиот меч денеска во Келн, Австрија оди со цел да избори место во олимписките квалификации.
„Сега играме за олимписки квалификации. Тоа мора да биде нашата следна цел, да влеземе во првите 8 или 9. Доколку тимот ја постигне и оваа цел, зимската бајка би била совршена за сите Австријци“, потенцира Вагнер.

