Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»ЕХФ призна: Судиите погрешија на мечот Данска – Шведска
    Ракомет

    ЕХФ призна: Судиите погрешија на мечот Данска – Шведска

    risteBy riste20/01/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Европската ракометна федерација во текот на денешниот ден се огласи за спорната последна минута на мечот меѓу Данска и Шведска од второто коло во главната рунда во Хамбург на ЕП.

    ЕХФ ја „призна“ грешката на судиите Вацлав Хорачек и Јири Новотни од Чешка, кои го вратија времето наназад по поништениот гол на Магнус Ландин.

    „Во 59.33 судиите сигнализираа пасивна игра. Набрзо потоа, беше направен фаул од шведската одбрана и дозволени уште две додавања на данските ракометари по изведувањето на ударот. Магнус Ландин постигна гол, а судиите решија да гледаат ВАР, дали имаше повеќе додавања од дозволеното пред овој погодок, времето беше стопирано на 59.57. По прегледувањето на снимката, судиите го поништија погодокот поради повеќе додавања од дозволеното, а заедно со делегатите го коригираа времето на 59.43, моментот кога беше последното додавање на Данците, иако според пропозициите не требаше да го направат тоа. Според правилата на игра, времето може да се коригира или да се врати назад само ако има грешка на мерачот на време. По корекцијата на одлуката за голот, мечот требаше да продолжи од 59.57, од моментот кога беше прекинат мечот“, се вели во соопштението на ЕХФ.

    Европската куќа на ракометот откри дека нема добиено жалба на судењето ниту од Данска, ниту од Шведска, па нема да има дополнителни разгледувања за овој случај.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.