Голманот на селекцијата на Словенија, Клемен Ферлин, потенцира дека „змајчеки“ одиграле одличен меч против Холандија и дека тоа треба да се повтoри на наредните средби во групата.
„Среќни сме за победата. Го контролиравме натпреварот, ја имавме играта што ја сакавме но, потоа ни падна фокусот. Се случуваат грешки, се изморивме, сепак најважни се бодовите – изјави словенечкиот голман.
Словенија во наредната рунда ќе игра со селекцијата на Данска која досега има максимален ефект. Мечот ќе биде одигран утре во Хамбург со почетокот во 18.00 часот.