Македонскиот ракоетен шампион во женска конкуренција, ЖРК Ѓорче Петров го доби противникот во четвртфиналето во рамките на ЕХФ Европскиот Куп. Актуелниот македонски првак за место во полуфиналето ќе игра против екипата на Елче од Шпанија.

Првиот меч, ракометарките на Ѓоче Петров го играат на гостински терен на 10/11 март, додек реваншот една недела подоцна во Скопје.

Доколку успеат да го добијат овој двомеч, ракометарките на Ѓорче Петров во полуфиналето ќе играат против подобриот од дуелот на Гранољерс и Гран Канарија.

