Артим Коста и по седум натпревари на Европското првенство во ракомет останува на врвот на листата на стрелците.
Португалецот е лидер пред Холанѓанецот, Рутгер тен Велде, кој ги помина Матијас Гидсел, Јури Нор и Алекс Влах на второто место. Сепак, Коста и Велде ги завршија настапите што значи дека Данецот, Нор и играчот на Словенија ќе продолжат во трката за најдобар стрелец.
На врвот е Коста со 54 голови, Велде има 45, Гидсел 42 а Нор и Влах по 40-ет погодоци.

