Капитенот на Германија, Јоханес Гола, пред денешниот меч со Хрватска вели дека има позитивна атмосфера во репрезентацијата.
„Добрата игра брзо може да стане безвредна ако не дојдеме на нашето ниво против Хрватска. Имаме одлична можност и голема шанса да стигнеме до полуфиналето“ – вели Гола.
„Не не интересира ништо друго. Ако сакаме да постигнеме нешто, можеме да го направиме само заедно. Можете да видите колку емоции излегуваат од нас. Тоа не функционира без поддршка од гледачите” – рече Гола.

