Репрезентативецот на Данска, Ханс Линдберг, верува дека неговата селекција ќе влезе во големото финале на Европското првенство во Германија. Скандинавците го обезбедија првото место во групата и сега го чекаат противникот за полу-финалето.
„ Дефинитивно сме подготвени за полуфинале. Нашата одбрана во континуитет делува сигурно“ – истакна Линдберг и се осврна на голманската позиција на која се Емил Нилсен и Никлас Ландин.
„Без разлика дали е Ландин или Нилсен, кој и да застане на линија, одлично е што секогаш можеме да се потпреме на нив“ – потенцираше Линдберг.

