Македонските ракометни судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, ќе бидат дел од утрешното полу-финале меѓу селекциите на Франција и Шведска на тековниот европски шампионат во Германија.
Средбата ќе биде одиграна в петок во „Ланксес Арена“ во Келн со почеток во 17:45 часот. Ќе потсетиме дека Начевски и Николов го судеа финалето на последниот Мундија во Полска и Шведска во 2023-та.
Вториот утрешен меч од 20.30 меѓу домаќинот Германија и светскиот првак Данска, им е доделен на судиите од Словенија, Бојан Лах и Давид Сок.